ТИ ЖИВЕЕШ ВО МЕНЕ ТАТО

Го слушам твојот глас,
како да ми довикуваш сега, тато.
Го чувствувам, твојот допир во мојата коса и
го слушам твојот здив сеуште тато.

Јас се уште те чувствувам тука тато!
Ете, тука,
тука во моето срце и душа.

Ниту небото,
ниту земјата,
никој и ништо не успеа да те исчезни тато.

Ти се уште си тука,
ти се уште ми шепотиш,
јас се уште ги слушам зборовите
за чесност и љубезност тато.

Се уште го гледам човекот,
со неуморно тело и дух.
Се уште и се уште, и уште повеќе
ти тука си тато.

Ти... ти живееш во мене, тато.

 

ТИ

Еј, ти!
Ти што ме оддалечи од моето јас,
од моите мечти и соништа.
Ти што ми продри во мојата крв,
ти што ми ја зеде душата и срцето,
заедно со моите мечти.

Ти!
Ти кој не успеа да ме однесеш во твоите раце, како што сакаше и мислеше.
Ти кој ме оддалечи од моето јас,
но не успеа да ме претвориш во твоите замисли.
Ти кој не разбра што имам,
колку имам, колку можам и колку неможам.
Ти кој не успеа да бидам ти,
ти кој секогаш заминуваш,
кога не успеваш да бидам ти.

Ти!
За кој никогаш повеќе нема да бидам тука.
Ти!
Кој никогаш не разбра, дека никој не може да биде ти.

 

 

ПУСТА ДА Е КОРОНАТА

Ете, и тоа чудо се деси,
Корона, морало да дојде
и со тешко да си појде.

Пуста да е, пуста короната
оти не натера да си седиме во домата.

И ете, дома си седам јас
и таа не ми излегува од глава ниту за час.
Тешки мисли ми минуваат
и така деновите си заминуваат.

Ај пуста да е, пуста коронава
таа никого не бирала
секого собирала.
Во најскоро време да си оди
се молам јас,
се надевам ќе чујам за ова во секој час.

 

 

ТИ СИ МИ...

Љубов моја немирна...
Убост и страст..
Проклетство и волшебство.
Чувство мое необјасниво.
Откритие најскапоцено.
Пет букви од твоето име,
како пет гранки од љубовно гнездо.
Ембриону мој љубовен и животен.
Ти си она што никој не е,
и не би можел да биде во мојот свет.
Копнеж мој!
Опојна опивка,
скриена тајна непозната,
книга моја сочувана.
Искра и надеж за која постојам
на овој свет.

 

 

СИЛНА ЖЕНА

Ти...ти жено, ти..
Какво ли срце имаш ти?
Каква ли душа имаш ти?
Ти жено, што те знам,
те познавам.

Ти силна жено,
колку болки,
колку ножеви те распараа, жено?
Колку ли страдања преживеа жено?

Еј, ти жено...
Толку ли си цврста и силна,
колку што си и милна?!
Ти жено, што те знам и познавам,
или можеби, се уште те спознавам.
Дали е тоа храброст или цврстина?
Или тивко во мракот, во тишината,
ти жено ја смируваш душата?
Кој знае?

Твојата насмевка е прекрасна и волшебна,
исто колку и тагата, длабоко во твоите очи.
Борбена и цврста си ти жено,
мајка, пријателка...

Жена со меко срце и душа,
кој секој може да го слуша,
да го стопли и бодри,
како неа,
да се бори и да не падне,
кога и мора.

Какви ли си ти жена?!
Какво ли срце и душа имаш?!
Еј ти жено,
моја водилка и бодрилка,
ти мајко моја,
со душа и срце во единствена боја.

 

 marija simonovska

 Марија Симоноска 

Rođena 1984. godine u Prilepu, Republika Makedonija
Završila sam ekonomsku srednju školu i diplomirala na Ekonomskom fakultetu u svom rodnom gradu 2010. godine.
Pedagošku kvalifikaciju završila sam na Filozofskom fakultetu 2012. godine u Skoplju.
Živim i radim u Prilepu.

KNSINFO/ 17.9.2020.g.

O nama

Aktivnosti koje je Udruženeje realiziralo samostalno ili u saradnji sa drugima spadaju u arhivsku građu čime se dokumentuju programske aktivnosti KNS-a tokom svog društvenog angažmana na polju kulture i umjetnosti.

Tokom javnog djelovanja udruženje je otvaralo prostor za autorsku prezantaciju umjetničkog stvaralaštva mladih autora koji su uobličavali lični umjetnički izražaj u konkretno oblikovane ideje u vidu javnih manifestacija - putem kojih se prezentiraju umjetnička djela i radovi, kako članova KNS-a, tako i suradnika.

Get in touch

Kontakt

Udruženje za kulturu
– Nova svjetlost
Džamijska 9, 71000 Sarajevo
Bosna i Hercegovina
+ 387 61 524 505
knsinfo1@gmail.com

Facebook stranica