ТИ ЖИВЕЕШ ВО МЕНЕ ТАТО
Го слушам твојот глас,
како да ми довикуваш сега, тато.
Го чувствувам, твојот допир во мојата коса и
го слушам твојот здив сеуште тато.
Јас се уште те чувствувам тука тато!
Ете, тука,
тука во моето срце и душа.
Ниту небото,
ниту земјата,
никој и ништо не успеа да те исчезни тато.
Ти се уште си тука,
ти се уште ми шепотиш,
јас се уште ги слушам зборовите
за чесност и љубезност тато.
Се уште го гледам човекот,
со неуморно тело и дух.
Се уште и се уште, и уште повеќе
ти тука си тато.
Ти... ти живееш во мене, тато.